октомври 20, 2021

Дечињата од градинката ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“ во борба против гладта

Црвениот крст на Република Северна Македонија, по повод Ден на борба против гладта, организира кампања под мотото „Помислете и на нас“.
Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во вид на парични средства или храна. Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, по тој повод, доби поддршка од ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“, од дечињата кои учат во оваа градинка и од нивните родители.
 
< врати се назад