декември 27, 2021

Дедо Мраз се искачи кај Скопско Кале и подели радост на сите дечиња од ромската заедница

Секое дете се радува на Дедо Мраз, а уште повеќе кога тој доаѓа со полни раце! Традиционално пред крајот на годината, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар обезбеди 100 новогодишни пакетчиња за дечињата кои живеат во околината на Скопско Кале во ромската заедница. Пакетчињата, кои се обезбедени преку донација од Битолска Млекарница АД БИМИЛК и Компанијата Мултипром, донесоа радост и среќа за најмалите. Потврдија дека биле умни оваа година и ветија дека така ќе продолжат и во Новата 2022 година!
Среќна Нова Година ви посакува Општинска организација Центар!
 
< врати се назад