
септември 27, 2019
„ДЕФИЛИРАЈ, НЕ СЕ ФОЛИРАЈ!“
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општинските организации на Кисела Вода, Гази Баба, Карпош и Чаир, под закрила на Црвен крст на Град Скопје, излегоа на улиците и дефилираа од СУГС “Орце Николов“ до Школка во Градскиот Парк.
Во дефилето учествуваа волонтери и вработени во Црвениот крст и лица со попреченост, сѐ со цел сите заедно да испратиме порака до сите дека мир, толеранција и соживот се клучни елементи за градење едно општество во кое за секого има место. #ПХВ2019 #ПХВдефилира #ПХВдефиле