
јануари 17, 2025
Ден на безбедност на планина
По повод ден за безбедност на планина (15-ти јануари), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе предавање на тема “Планина и планинарска опрема”, за волонтерите и членовите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода.
Учесниците имаа можност да се запознаат со опремата и облеката која треба да ја носи секој нов планинарски искачувач, како и дополнителната опрема која се носи во случај на опасност или повреда.



