
Ден на гладта 16.10 – 16.11
Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод Неделата на борба против гладта организира кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РСМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ кој ја отсликува интенцијата на Република Северна Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.
Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка на компании, со образовно – воспитните институции, здруженијата на граѓани, и граѓани.
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар доби донации од Комерцијална Банка, Битолска Млекара, Здравје Радово и Еко Шар. Донацијата на Комерцијална Банка од 29 пакети ќе се дистрибуира до социјално загрозени лица. Дел од донациите од Битолска Млекара, Еко Шар и Здравје Радово веднаш се дистрибуираше во Пунктот за бездомници во Момин поток, а останатиот дел се употреби за пакети со храна за социјално загрозени лица. Освен тоа, Општинската организација Центар спроведува собирни акции во сите основни и средни училишта на територија на општина Центар, како и во компании на територија на Центар. Собирни акции се спроведуваат и во Веро Центар (Џамбо) секоја сабота во периодот од 16.10 до 16.11, сѐ со цел да се соберат што е можно повеќе средства за да се набави храна за социјално загрозени лица.