октомври 17, 2020

“Ден на граѓански организации 2020”

Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија во поддршка на настанот “Ден на граѓански организации 2020” организиран од страна на Civica Mobilitas. На настанот учествуваа голем број организации кои ги претставуваа своите активности. Волонтерите се вклучија во активности за делење заштитни маски и средства за дезинфекција, мерење телесна температура на сите учесници и посетители, како и дезинфицирање на просторот.

< врати се назад