
Денес славиме 155 години од првата Женевска конвенција
На 22 август 1864 година усвоена е Женевска конвенција за заштита на ранетите во војна, која ги постави темелите на современото хуманитарно право.
Тоа беше, во светски рамки, првата забележана активност на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, основан во 1863 година.
Од 8 до 22 август 1864 година е одржан дипломатски собир во Женева, Швајцарија, под името Меѓународна конференција за неутрализирање на воените санитетски служби во копнените војски.
Дипломатите, 12 од вкупно 16 земји учесници, на 22 август 1864 година ја потпишале првата Женевска конвенција., на 22 август 1864 година ја потпишаа првата Женевска конвенција. Тоа го направиле претставниците на Франција, Швајцарија, Белгија, Баден, Данска, Хесен, Италија, Шпанија, Португалија, Пруск и Виртемберг.
Со неа е договорено изработка на пишани правила, во вид на Закон на Црвен крст, со кои:
- имаат обврска да даваат помош без дискриминирање на ранети и болни припадници на вооружени сили;
- го почитуваат медицинскиот персонал, транспортните средства и опремата;
- жртвите се заштитени од судири.
Најзаслужен за основање на Меѓународен Црвен крст е швајцарскиот хуманист Анри Динан, на кого при усвојувањето на Конвенцијата особено му помагал Гијом Анри Дифур.