јуни 20, 2024

Денови исполнети со креативност, игра и забава.

Во период од два дена 19.06.2024 и 20.06.2024, 5 волонтерки на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар им приредија забавни активности на корисниците на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”.

Редовните посети во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет” за сите нас се секој пат исполнети со креативност, игра и забава, а среќата и енергијата на корисниците е секогаш позитивна.

Продолжуваме понатаму со заеднички активности и проекти.

< врати се назад