март 27, 2015
Дисеминација за движењето на ЦК и ЦП за нови волонтери
Во склоп на Упатството за работа на Клубот на Млади на ООЦК Центар за новите волонтери во нивниот период на адаптација од три месеци потребно е да им се одржи дисеминација со цел да се запознаат подобро со организацијата во која волонтираат и членуваат и се поврзано со движењето на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, па за истата цел се одржа дисеминација од страна на еден дисеминатор на ООЦК Центар на ден 26.03.15 со почеток во 19:00 до 21:00 часот.
На истата присуствуваа 12 учесници и тоа 7 од женски и 5 од машки пол.
Дисеминацијата помина во најдобар ред, исполнета со многу енерџајзери и истата учесниците ја следеа со големо внимание и после секој дел од дисеминацијата се развиваше добра дискусија .