октомври 29, 2020

Дисеминација за нови волонтери

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 29.10.2020 во период од 18 до 19.15 часот спроведе дисеминација за новите волонтери во Клубот на млади. Волонтерите имаа можност да се запознаат со историјатот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, да дознаат повеќе за амблемите и нивната употреба, принципите на кои се заснова, визијата и мисијата, дејностите, како и активностите преку кои делува. Исто така, се запознаа и со организациската структура и различните програми кои ги реализира Црвениот крст. Имаа можност да погледнат слики и видеа од активностите и да се запознаат со сè она во што се вклучуваат младите волонтери. Драги волонтери, добредојдовте во нашиот Клуб на млади!

 

< врати се назад