
април 19, 2022
Дисеминација за нови волонтери и членови
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 19.04.2022 во период од 12 до 13.15 часот спроведе дисеминациска сесија за Движењето на Црвениот крст за 15 нови волонтери и членови во Клубот на млади.
Волонтерите имаа можност да се запознаат со историјатот на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, да дознаат повеќе за амблемите и нивната употреба, принципите на Црвениот крст и неговата визија и мисија. Дополнително дознаа и во кои активности може да се вклучуваат во рамки на Клубот на млади.
Драги волонтери, добредојдовте во Клубот на млади при Општинска организација Центар!

