февруари 10, 2021

Дисеминациски сесии за проект ЕРАЗМУС+

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во изминатиот период, реализираше три дисеминациски сесии за проектот ЕРАЗМУС+. Сесиите се реализира online преку платформата ZOOM. На овие дисеминациски сесии беа вклучени вработени од училиштето ООУ „Киро Глигоров“, градинката ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин“ со претставници од сите нејзини клонови, како и волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар. На сесиите, учесниците се запознаа со проектот ЕРАЗМУС+ насловен “Безбедни училишта и градинки“. Освен тоа, тие се запознаа и со можностите за понатамошно зајакнување на нивните капацитети, односно со Каталогот на ресурси и Онлајн платформата за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка. Дополнително се запознаа со можните обуки за намалување на ризици од катастрофи, како за децата кои се дел од воспитно-образовниот процес, така и за вработените во овие институции.
 
Продолжуваме со продлабочување на соработката и зајакнување на капацитетите на училиштата и градинките на територија на општина Центар.
 
 
< врати се назад