
септември 25, 2023
Доделување на ЦКА-ПХВ благодарници
Во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар на 22.09.2023 се одржа настан посветен на младинците кои беа дел од „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ програмата во 2023 година.
На настанот присуствуваа младинците, како и нивните ментори, кои изработија вкупно 5 мали проекти за подобрување на секојдневието на оние кои им е најпотребно.
Преку изработените видеа за секој проект, се потсетивме на сѐ што се случуваше во периодот февруари – мај кој беше посветен токму на малите проекти.
Голема благодарност до сите младинци кои со голема желба и посветеност помагаат секаде кадешто е потребно. Благодарност и до дисеминаторката Марта Николова за цела нејзина посветеност и поддршка на тимовите, што резултираше со изработка на одлични проекти и среќни лица. 







