декември 19, 2022

Доделување на ЦКА-ПХВ благодарници за младинците

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се одржа настан посветен на младинците кои беа дел од „Црвен крст во акција
– Промоција на хумани вредности“ програмата во 2022 година.
На настанот присуствуваа младинците кои изработија вкупно 4 мали проекти за добробит на заедницата и за подобрување на секојдневието на оние кои им е најпотребно.
На настанот беше направена ретроспектива на сѐ што се случуваше во периодот март – јуни, кој беше посветен токму на малите проекти и на различни активности за нивна реализација.
Голема благодарност до сите младинци кои беа дел од ЦКА-ПХВ програмата и кои освоија трето место на национално ниво.
< врати се назад