август 30, 2021

„ДОЈДОВ. ДАРУВАВ. СПАСИВ ЖИВОТ.“ – 19-та традиционална крводарителска акција

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, на 28.08.2021 година успешно ја реализираше 19-тата по ред традиционална крводарителска акција по повод големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“. Акцијата се одржа во Дом на АРСМ под мотото “ДОЈДОВ. ДАРУВАВ. СПАСИВ ЖИВОТ.” во периодот од 9 до 17 часот.

Согласно препораките од Владата на РСМ, на акцијата се спроведоа посебни протоколи, поконкретно соодветна заштитна опрема за волонтерите од Црвениот крст, тимот од ИТМ и крводарителите, дезинфекција и одржување дистанца.

Доказ за хуманоста на Скопјани дури и во време на пандемија е бројот на собрани крвни единици кој изнесува 161 крвна единица.

Ви благодариме на сите кои бевте присутни, дарувавте и го направивте овој хуман чин кој спасува живот!

 

< врати се назад