
ноември 16, 2020
Донациите и оваа година ја обележаа Кампањата за борба против гладта
Основната организација на Црвен крст на Агенцијата за храна и ветерина на РСМ и оваа година обезбеди голем број на донации од економски оператори на територијата на град Скопје, со што и овојпат ја потврди својата вклученост во реализацијата на програмските активности на социјално-хуманитарен план на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар.
Голема благодарност до “Жито Алтан“ кои донираа 200 кг брашно, компанијата “АСПИ“ со донација од 120 литри сокови, “Супер груп“ 50 кг кондиторски производи, “ЈУС МБ“ 100 кг макарони, “Битолска млекарница“ 100 литри млеко, “Мултипром“ 200 кг кондиторски производи и “Виталиа“ (Vitalia Macedonia) со донација од 400 парчиња производи.
Донациите ќе бидат употребени за подготовка на 100 пакети со прехрамбени продукти за социјално загрозени семејства на територија на општина Центар.