Донација
Општинската организација на Црвен крст Прилеп обезбеди 10 пакети со храна како резултат на приватна донација кои понатаму се распределија на социјално загрозени семејства. Оваа приватна донација е производ на довербата која граѓаните ја имаат во работењето на Општинската организација. Исто така ова е на големо задоволство на самите волонтери затоа што претставува знак дека нивната работа на полето на подигнување на свеста кај општото население за потребата за хуманитарна дејност во општественото живеење дала резултати. Самиот гест на донирање на средства за пакети со храна претставува дополнителен стимул за сите волонтери поактивно да се заангажираат во промоцијата на сите хуманитарни активности кои се реализираат но и ќе се залагаат за надоградување на истите. Пакетите беа распределени на семејства од различна националност во духот на принципите на кои се заснова Црвениот крст. Се надеваме со сите наши активности дека ќе придонесат за уште повеќе вакви донации.