декември 23, 2022

Донација на храна на Ретвитни оброк

Покрај 200 пакети кои беа подготвени во рамки на Кампањата по повод Ден на борба против гладта, преостанатата храна, околу 500 кг, беше дистрибуирана на ден 19.12.2022 и 23.12.2022 година во просториите на Ретвитни оброк – програм кој е наменет за подготовка на храна за бездомни лица. Храната се подготвува секој петок, а ја подготвуваат лица кои можат и сакаат да го посветат своето време на оваа активност.

< врати се назад