ноември 16, 2020

Донација на пелени за Клиниката за детски болести во Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар има долгогодишна соработка со Клиниката за детски болести преку реализација на најразлични активности. Овојпат Општинска организација Центар даде поддршка на Одделот за неонатологија преку донација на 1000 пелени за најмладите. Продолжуваме да се грижиме и да даваме поддршка секаде кадешто е потребна.

 

 

 

< врати се назад