
октомври 29, 2020
Донација од Германски Црвен крст за лица во трето доба
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во текот на 28.10. и 29.10.2020 година, изврши дистрибуција на помош во вид на пакети со храна и хигиена, донација од Германскиот Црвен крст, која е наменета за лица од трето доба, односно стари и изнемоштени лица и лица погодени од пандемијата на КОВИД-19. Приматели на оваа помош се 40 членови на Здружението на пензионери на општина Центар, односно лица со минимални пензиски примања, кои добија по еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски средства. Продолжуваме со поддршка на граѓаните на кои им е потребна помош и кои, особено во овој период на пандемија, се најпогодени.