Донација од „РОТАРАКТ“ клубот од Прилеп
Преку транспарентното работење, О.О. Црвен крст Прилеп во локални рамки се легитимира како водечка организација која работи со високоризични и дискриминирани целни групи како што се лицата кои што консумираат дроги (ЛКД). Повеќегодишното инволвирање во проблематиката со зависности – почнувајќи од превенција па се до примарни форми на ресоцијализација кај ЛКД, О.О. Црвен крст Прилеп во локални рамки е препознатлива како важен заштитник и едукатор на ЛКД.
„РОТАРАКТ“ клубот од Прилеп, препознавајќи ги општокорисните вредности за целата популација на 17.10.2011 година обезбеди донација за О.О. Црвен крст Прилеп, се со цел да се поддржи и промовира работата на О.О. со ризичните групи (ЛКД), во рамките на Програмата „Намалување на штети од употреба на дроги“. „РОТАРАКТ“ клубот како непрофитна организација ги идентификува и ги мотивира организациите на локално ниво што работат со маргинализирани групи, а се за општо добро на целата популација, како што сме ние како О.О. Црвен крст Прилеп веќе етаблирани на локално ниво.
Меѓусебната соработка продолжува во континуитет и во иднина.