мај 21, 2012

Донација од С.О.Е.П.Т.У. „Кузман Јосифоски – Питу“

Како знак на соработката на која е спремна Општинската органзација на Црвен крст Прилеп и која ја остварува со невладините организации и институции од нашиот град, е и донацијата на алишта и играчки од средното училиште ,,Кузман Јосифоски Питу’’. Под водство на професорката Спасија Нешкоска Цуцулеска која ја води англиската секција во средното училиште ,,Кузман Јосифоски Питу‘’ и иницијативата преземена од членовите на секцијата беа донирани алишта за сите возрасти и играчки кои ќе им донесат радост на оние најмалите.

Со овој гест, соработката помеѓу Општинската организација на Црвениот крст Прилеп и средното училиште ,,Кузман Јосифоски Питу’’ добива посериозна димензија со претензии за понатамошна соработка на едукативен план (програмите за превенција на Црвениот крст ), соработка при изработување на хуманитарни проекти и помош на различни целни групи. Ова е еден успешен пример на соработка која Црвен крст ја стекна благодарение на својата ангажираност и посветеност на својата мисија, но и промоцијата на хуманитарната дејност. Ова е и еден успешен пример на училиштето ,,Кузман Јосифоски Питу’’ како иновативно училиште кое работи на други активности со цел за интелектуална надоградба на своите ученици но и се грижи за подигнување и зачувување на човечките морални вредности кај средношколците- ученици во ова училиште. Оваа соработка ќе продолжи со изработка на други хуманитарни проекти и учество на заеднички активности.

< врати се назад