
април 30, 2020
Донација од SPARKASSE BANK за социјално загрозени семејства
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Центар ѝ благодари на SPARKASSE BANK за помошта во борба со моменталната ситуација со коронавирусот. Преку донацијата за Црвениот крст на Република Северна Македонија се обезбедија 60 пакети за социјално загрозени семејства кои беа дистрибуирани во текот на денешниот ден, 30.04.2020 од страна на мобилните тимови. Корисници на оваа помош беа 60 социјално загрозени семејства од улица Самоилова.
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар ви посакува пријатен продолжен викенд!



