октомври 20, 2020

Донација од вработените во Комерцијална Банка АД Скопје по повод “Ден на борба против гладта“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, по повод “Ден на борба против гладта“, доби огромна поддршка од вработените во Комерцијална Банка АД Скопје преку обезбедување донации во вид на храна. Вработените од Комерцијална Банка АД Скопје редовно се вклучуваат во активностите кои се спроведуваат од страна на Општинска организација Центар и Комерцијална Банка е долгогодишен соработник. Оваа донација од вработените во вид на пакети со храна се дистрибуираше на семејства во социјален ризик кои живеат на територија на општина Центар, а дел од храната беше дистрибуирана во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје. Огромна благодарност до вработените во Комерцијална Банка за нивната несебичност и хуманост!

  

< врати се назад