
октомври 24, 2019
Донирај за чичко Војне!
На ден 21.10.19 година (понеделник), пред влезот на ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар “Св. Пантелејмон” – Скопје, во период од 09:30 – 14:00 часот беше одржана собирна акција од страна на волонтери од Клубот на млади. Акцијата беше наменета за поддршка на иницијатива од страна на Габриела Стаменовска за помош на семејството Блажески од с. Подвис кое живее во субстандардни услови.












































