
јули 4, 2025
Друштвени игри во “Пролет”
Клубот на млади на Црвен крст РСМ Општинска организација Центар и овој четврток 03.07.2025 ги посети корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост над 18 години на ЦКГС.
Овој четврток се одлучивме за лесни активности, игравме карти, боевме боенки и си раскажувавме за интересни случки што ни се случиле периодов, позборуваме за топлиот бран кој периодов е се почест и како да се заштитиме од него.

