август 15, 2025

Дружба во “Пролет”

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 14.08.2025 година се собраа во Дневниот центар “Пролет” за лица со попреченост над 18 години. Активноста помина во пријатна и опуштена атмосфера,каде што волонтерите заедно со корисниците разговараа за летните денови, споделуваа интересни случки од одмори и уживаа во музиката што придонесе за топол и позитивен амбиент.

< врати се назад