
Дружење со децата корисници на Дневниот центар за лица со Даунов синдром
По повод Новогодишните и Божиќните празници, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 24.12.2019, посветија два часа на корисниците на Дневниот центар за лица со Даунов синдром. Во Дневниот центар има вкупно 20 деца корисници кои на дневна основа поминуваат дел од денот во овие простории, по завршувањето на наставата.
За време на посетата, волонтерите зааедно со децата имаа прилика да се дружат, да танцуваат, да пеат и да се забавуваат. Дружењето беше проследено со многу смеа, радост и среќа. На крајот на посетата, секое дете доби новогодишно пакетче. Општинска организација Центар и понатаму ќе продолжи со соработката со Дневниот Центар за лица со Даунов синдром и им се радуваме на идните дружења и заеднички активности!