
февруари 1, 2024
Дружење со корисниците од “Пролет”
На ден 31.01.2024 нашите волонтери ги посетија корисниците на Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”. Времето поминато таму го искористивме да слушнеме од корисниците за активностите што ги имаат во дневниот центар и какви активности би сакале да имаат во иднина.
Неизоставен дел од секое дружење е читањето приказни, пеењето песни и играњето друштвени игри. Како и секогаш завршивме со планови за следна средба која со нетрпение ја очекуваме.
