
Државен натпревар по Прва Помош
На 20.09.2025 година, во Гостивар се одржа 31-от Државен натпревар по прва помош, каде што учество зеде и екипата на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
Со посебна чест и гордост споделуваме дека нашата екипа го освои првото место!
Овој успех е резултат на нивната посветеност, знаење, тимска работа и голема љубов кон хуманоста.
Благодарност до сите што беа дел од подготовките, до поддржувачите и до нашите волонтери што секогаш ја докажуваат својата сила и мотив.
Упатуваме честитки и до сите останати екипи за нивниот вложен труд и извонредно прикажани вештини.
Посебна благодарност до ООЦК Гостивар за гостопримството и одличната организација.
Голема победа за нашиот тим, уште поголем мотив за идни предизвици!



