
септември 24, 2021
ДСУ „Св. Наум Охридски“ доби таблет компјутери во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од Ковид-19“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од Ковид-19“, финансиран од Фондот за развој и проекти на ЦКРСМ, на ден 23.09.2021 година обезбеди 15 таблет компјутери за Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. Таблетите ќе бидат од големо значење за учениците кои ќе бидат дел од претстојните едукации на тема „Промоција на хигиена“ и „Заштита од Ковид-19“, кои ќе се реализираат во месец октомври.
Ваквиот пристап кон учењето, преку употреба на мултимедијални алатки, е од особено значење во современото образование и претставува начин на полесна перцепција и совладување на материјалот.
Продолжуваме со активностите предвидени до крајот на годината.




