Духот на хуманоста преку крос трка
Младите кои волонтираат во Општинската организација на Црвен крст Прилеп го промовираат здравиот начин на живот меѓу младите во заедницата со промовирање на спортот како алтернатива за тоа. Волонтерите кои се вклучени во програмата Промоција на хумани вредности (ПХВ) на 22.02.2014 година организираа крос хуманитарна трка која се реализира во Паркот на Револуцијата.
Натпреварувачите на оваа трка беа поделени во две категории и тоа машки и женски и тоа според возрасти (до 14 години, 15-18 години, над 18 години). Патеките според категориите беа со различна должина и тоа 2.4 км, 3.6 км и 4.8 км. На овој натпревар учествуваа 37 учесници, а натпреварот заврши со доделување на дипломи за првите тројца во секоја категорија. Оваа трка беше поздравена од граѓаните со охрабрување за оваа активност да стане традиционална. Учесниците го изразија своето задоволство и подготвеност за да учествуваат на вакви спортски активности со цел мерење на нивните способности. Во склоп на ПХВ програмата се организираат уште многу активности кои се наменети за ранливите целни групи, како и на групите на кои се врши одредена превенција како што се направи и со младите со овој настан- се изврши превенција од посегање по различни пороци.