октомври 27, 2011

Еднодневна екскурзија со децата со посебни потреби од Дневниот центар ,,Ѕуница‘’

Акциониот план за деца со посебни потреби кој е креиран од страна на Црвениот крст, Центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница‘’ и Комерцијална банка АД Скопје како покровител, уште еднаш резултираше со активност која беше предвидена согласно со месец Октомври.

На ден 20.10.2011 година децата од дневниот центар заедно со волонтери од Клубот на млади при ООЦК Прилеп ја посетија зоолошката градина во Скопје каде имаа можност да поминат прекрасно време уживајќи во глетката на различните животни. Ова е само една активност која става акцент на социјалната инклузија како и интеракција со средината која ги опкружува овие деца. Тие се дружеа заедно со волонтерите и имаа кратка прошетка низ главниот град, како и кратка посета на музејот на ВМРО. Впечатоците од екскурзијата беа одлични, а насмевката на детските лица беше повеќе од очигледна затоа што не го криеја задоволството.

< врати се назад