
Едукации на тема „Алкохолизам“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 16.04.2021 година реализираше 3 едукации на тема „Алкохолизам“ во ООУ “Димитар Миладинов”. На едукациите, кои се одржаа online преку платформата Microsoft Teams, учествуваа 79 ученици од 8мо одделение.
Се опфатија повеќе аспекти на алкохолизмот, односно што претставува алкохолизмот, на кој начин може да се доведе човекот во таква состојба, кои се симптомите и како да препознаеме лице во алкохолизирана состојба, какви ефекти и штетни влијанија има алкохолот врз човековото тело. Учениците поставуваа интересни прашања на темата и дискутираа за различните можни последици од консумирањето на алкохолот.
Продолжуваме и понатаму со одличната соработка со ООУ “Димитар Миладинов“ преку различни активности за подигнување на свеста и продлабочување на знаењата на учениците на различни теми.