декември 20, 2022

Едукации на тема “Превенција на ХИВ/СИДА и СПИ“ во основните училишта

Во рамки на Неделата на борба против ХИВ/СИДА, беше реализирана врсничка едукација на тема “Превенција на ХИВ/СИДА и СПИ“ на ден 20.12.2022 со почеток во 11 часот. Опфатени беа 25 ученици од 9то одделение од ООУ “Св. Кирил и Методиј“. Едукациите беа реализирани од страна на двајца врснички едукатори. Опфатено беше општо запознавање со што се ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции, начини на превенција од зараза, рушење на митови за ХИВ/СИДА и практичен приказ за правилно користење на презерватив. Темата предизвика голем интерес кај учениците и овозможи развој на дискусија.

< врати се назад