
ноември 14, 2022
Едукации на тема „Превенција од болести на зависност“ во ООУ „Димитар Миладинов“
Во рамки на Месецот на борба против болестите на зависност, врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на 07.11. и 10.11.2022 година спроведоа 6 едукации на тема „Првенција од болести на зависност“ во ООУ „Димитар Миладинов“. Со едукациите се опфатија темите зависност од цигари, алкохол и дрога, нивно препознавање и превенција. Со едукациите беа опфатени 147 ученици кои се запознаа со штетноста на зависностите, начините на превенција и ефектите кои тие ги имаат врз човековото физичко и ментално здравје.
Продолжуваме и понатаму со интересни и едукативни содржини за младите.

