ноември 20, 2023

Едукации на тема “Превенција од болести на зависност“ во ООУ “Димитар Миладинов“

По повод одбележување на месец за борба против болести на зависност, врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 17.10.2023, ги пренесоа своите знаења на тема „Првенција од болести на зависност“ на учениците од седмо одделение од ООУ „Димитар Миладинов“. Беа реализирани 3 едукации за 61 ученици, од кои 32 машки и 29 женски ученици,  за време на кои се дискутираше на темите зависност од цигари, алкохол и дрога. Особено внимание се посвети на начините на превенција и ефектите кои зависностите ги имаат врз човековото здравје.

< врати се назад