април 1, 2021

Едукации по прва помош за основци

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 29.03. и 01.04.2021 година реализираше 2 едукации по прва помош за време на часот по Вештини на живеење во ООУ “Димитар Миладинов”.
 
На едукациите, кои се одржаа online преку платформата Microsoft Teams, учествуваа 79 ученици од 7мо одделение кои покажаа огромен интерес. Едукациите беа од интерактивен карактер, учениците со кревање рака поставуваа многу интересни прашања и споделуваа лични искуства поврзани со темите кои се опфатија за време на едукациите.
 
< врати се назад