
април 4, 2023
Едукации по Прва помош за основци
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе 3 едукативни предавања за учениците од 7мо одделение од ООУ „Гоце Делчев“ во периодот од 28.03. – 04.04.2023 година. Учество земаа вкупно 73 ученици.
На едукациите, учениците се запознаа со основите на првата помош, односно обезбедување терен околу повредено лице, бессознание, срцево-белодробно оживување, материјали кои се употребуваат при пружање прва помош, скршеници и дислокации, третирање рани, изгореници, смрзнатини итн.

