
мај 16, 2022
Едукации по Прва помош за учениците од ООУ „Димитар Миладинов“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше 3 едукации за ученици од седмо и деветто одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ во периодот од 11-13.05.2022 година.
За време на едукациите, кои се одвиваа во дворот на училиштето, беа опфатени основите на првата помош, како што е постапка за обезбедување на местото на несреќата, странична положба и повикување итна медицинска помош.
Едукатори беа членови на екипата по Прва помош од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, кои поминаа низа обуки за совладување на првата помош: Ружица Гериќ, Иван Дограмаџиев и Миа Шутева, под менторство на Димитар Тануровски – долгогодишен волонтер, особено посветен на Првата помош и студент на општа медицина.
Продолжуваме со промоција на првата помош како животоспасувачка вештина.



