декември 1, 2014
Едукации за „Забоздравствена заштита“ за најмалите
Во склоп на активностите на Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар за превенција на дентални заболувања и правилно одржување на хигиената на усната шуплина и забите, на датумите 14.11.14 и 28.11.14 во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ се одржаа 4 едукации за учениците од второ и трето одделение.
Едукациите се одржаа во периодот од 09:30 – 11.30 часот и на истите присуствуваа 67 слушатели , и тоа 37 од машки пол и 25 од женски пол.
Едукациите поминаа во најдобар ред , на учесниците им се делеа А и Б прашалници со цел да се оцени нивното пред знаење и потоа ефектот од едукацијата , и на крај им се делеа и промотивни материјали за тоа како да ја одржуваат своја лична хигиена.