септември 27, 2022

Едукација на тема “Емоции”

Врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираа едукација од областа на менталното здравје на ден 23.09.2022 година во периодот од 13 до 13:30 часот.
За време на едукацијата, едукаторите Анастасија Горенчева и Марко Тодоровски, го презентираа материјалот од третиот модул за едукација за ментално здравје со наслов “Емоции”. Едукацијата беше одржана за време на наставата на учениците од средното училиште Алгоритам. На едукацијата беа присутни 10 ученици.
Се дискутираше детално за тоа што се емоции и како да ги распознаеме. Учениците научија какви типови на емоции постојат и самите дадоа примери за истите.
На крајот од едукацијата беше спроведена вежба, на којашто учениците беа поделени во парови. На таблата беа напишани неколку реченици на коишто тие требаа да дадат одговор. Потоа откако ги завршија, заедно со нивниот партнер дискутираа за истите и си ги споделија одговорите меѓусебе, а потоа и пред цел клас.
 
 
 
 
< врати се назад