септември 27, 2022

Едукација на тема “Мотивација“

Врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираа едукација на тема ментално здравје на ден 23.09.2022 година во периодот од 14 до 14:30 часот. За време на едукацијата, едукаторите Анастасија Горенчева и Марко Тодоровски, го презентираа матријалот од четвртиот модул за едукација за ментално здравје со наслов “Мотивација”. Едукацијата беше оддржана за време на наставата на учениците од средното училиште Алгоритам. На едукацијата беа присутни 12 ученици.
Се дискутираше детално за што е мотивација, а што е прокрастинација. Учениците споделија со класот што е тоа што ги мотивира, а што е тоа што ги демотивира, односно што ги тера да прокрастинираат.
На крајот од едукацијата беше спроведена вежба, на којашто на учениците им беа поделени листови со прашалник за прокрастинација. Им беа дадени упатства за оценување на одговорите од прашалникот и со неколку од учениците се дискутираше за нивниот резултат.
 
 
 
 
 
< врати се назад