
септември 27, 2022
Едукација на тема “Самодоверба, социјални мрежи и слика за себе”
Врсничките едукатори од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар реализираа едукација на тема ментално здравје на ден 23.09.2022 година во периодот од 14:30 до 15 часот. За време на едукацијата, едукаторите Анастасија Горенчева и Марко Тодоровски, го презентираа матријалот од петиот модул за едукација за ментално здравје со наслов “Самодоверба, социјални мрежи и слика за себе”. Едукацијата беше оддржана за време на наставата на учениците од средното училиште Алгоритам. На едукацијата беа присутни 7 ученици.
За време на едукацијата се дискутираше детално за што е самодоверба, какви видови на самодоверба постојат и што ги прави учениците да им се зголеми, а што им прави да им се намали самодовербата. Се зборуваше за сликата за себе и поврзаноста на самодовербата со социјалните медиуми и учениците дојдоа до заклучок дека социјалните медиуми имаат големо влијание врз нашата самодоверба и креирањето на “идеалната слика” за себе.
На крајот од едукацијата беше спроведена вежба, на којашто на учениците им беа напишани реченици на табла кои подоцна беа дискутирани за каков механизам се работи.

