март 31, 2022

Едукација на тема „Трговија со луѓе“ за основците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Согласно планот на активности со основните училишта на територија на општина Центар, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 30.03.2022 во 12 часот, реализираше online врсничка едукација во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ за 17 ученици. Тема на едукацијата беше „Трговија со луѓе“, а на истата, учесниците имаа можност да ги дознаат различните аспекти на трговијата со луѓе, на кои сѐ начини може да се случи, кои се знаците кои треба да се препознаат во дадени моменти. Видео содржините придонесоа за полесен приказ на тоа како изгледа трговијата со луѓе.

< врати се назад