февруари 14, 2020

Едукација на тема Заштита и самозаштита во случај на катастрофи

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 13.02.2020 реализираше едукација на тема “Заштита и самозаштита во случај на катастрофи“. Едукатор беше Александар Стојаноски. На едукацијата слушатели беа 15 волонтери од Клубот на млади. Тие се запознаа со видовите катастрофи, како треба да реагираат во случај на катастрофа и начинот на којшто треба да се заштитат. Едукацијата беше интерактивна, а волонтерите работеа во групи, по што презентираа пред едукаторот и останатите присутни.

    

< врати се назад