април 1, 2022

Едукација на тема “Заштита и самозаштита во случај на катастрофи“ во Клубот на млади

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 31.03.2022 во 19 часот, реализираше едукација на тема “Заштита и самозаштита во случај на катастрофи“.
На едукацијата слушатели беа 10 волонтери од Клубот на млади. Тие се запознаа со видовите катастрофи, како треба да реагираат во случај на катастрофа и начинот на којшто треба да се заштитат, а сето тоа го совладаа преку конкретни примери.
Во текот на следната недела ќе следи вториот дел од едукацијата, за време на кој учесниците ќе се запознаат со план за евакуација и како правилно да го прочитаат, а подетално ќе работат на темите заштита за време на пожар, поплава и земјотрес.
 
< врати се назад