октомври 8, 2010

Едукација за ХИВ/СИДА и СПИ

По повод Неделата на младите Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп во текот на првата половина од месец Октомври ќе организира бројни активности со цел нејзино одбележување.
По тој повод двајцата нови ПИЕР едукатори за ХИВ/СИДА кои во текот на летниот период беа обучени за врснички едукатори за ХИВ/СИДА на 05.10.2010 година во просториите на О.О. Црвен крст Прилеп одржаа предавање на тема “ХИВ/СИДА и СПИ”. На предавањето присуствуваа 32 стари и нови членови на Клубот на млади, сите тие преку заедничко дружење, игри и забава научија за тоа како се пренесува а како не се пренесува ХИВ, како од истиот да се заштитат и дали постои лек за ХИВ.
Одбележувањето на Неделата продолжува и со спроведување на други активности како што се промовирање на активностите на Клубот на млади во центарот на градот, предавања за деца од предшколска возраст во сите градинки во Прилеп, вклучување во организацијата и спроведувањето на хуманитарна изложба организирана од страна на ХР тимот на О.О. Црвен крст Прилеп.

По повод Неделата на младите Клубот на млади при О.О. Црвен крст Прилеп во текот на првата половина од месец Октомври ќе организира бројни активности со цел нејзино одбележување. 

По тој повод двајцата нови ПИЕР едукатори за ХИВ/СИДА кои во текот на летниот период беа обучени за врснички едукатори за ХИВ/СИДА на 05.10.2010 година во просториите на О.О. Црвен крст Прилеп одржаа предавање на тема “ХИВ/СИДА и СПИ”. На предавањето присуствуваа 32 стари и нови членови на Клубот на млади, сите тие преку заедничко дружење, игри и забава научија за тоа како се пренесува а како не се пренесува ХИВ, како од истиот да се заштитат и дали постои лек за ХИВ. Одбележувањето на Неделата продолжува и со спроведување на други активности како што се промовирање на активностите на Клубот на млади во центарот на градот, предавања за деца од предшколска возраст во сите градинки во Прилеп, вклучување во организацијата и спроведувањето на хуманитарна изложба организирана од страна на ХР тимот на О.О. Црвен крст Прилеп.

< врати се назад