март 6, 2015

Едукација за ХПВ како ризик фактор за карцином на грло на матката

Во склоп на активностите на Клубот на млади на ООЦК Центар за одбележување на *Недела на борба против ракот 01-08.03*, на ден 05.03.15 со почеток во 18:00 часот за волонтерите на клубот се одржа едукација на темата „ХПВ како ризик фактор за карцином на грлото на матката“ од страна на д-р Џулиана Михајловска.
Едукацијата беше од интерактивен тип и се отворија голем број на дискусии во кои волонтерите активно зедоа учество.
На истата присуствуваа вкупно 32 волонтери од кои 9 од машки пол и 23 од женски пол.

< врати се назад