јануари 27, 2011
Eдукација за превенција од Пандемиската инфлуенца тип А H1N1
Општинската организација на Црвениот крст Прилеп заради важноста и актуелноста на Пандемиската инфлуенца тип А H1N1 во овој период, организираше едукација за превенција од истата. Се одржаа две едукации на кои се покажа особен интерес за темата што е причина да се продолжи во континуитет со едукациите. Целните групи на едукацијата беа општа популација и млади.